100 дена од исчезнувањето на малата Данка: Нов сведок ја разрешува мистеријата - цел регион го чекаше ова

Добивај вести на Viber

Денеска се навршуваат точно сто дена откако малата Данка Илиќ (2) исчезна во Бањско поле кај Бор. Девојчето си играло во дворот од семејната куќа каде била со мајка си и братот, но исчезнала во моментот кога мајката му давала вода на другото дете.

Околу десетина дена траеше интензивната потрага на просторот околу местото на исчезнувањето, но потоа беше констатирано и соопштено дека девојчето е убиено.

За нејзиното убиство уапсени се Дејан Драгијевиќ од Злот и Срѓан Јанковиќ од Лука. Срѓан од самиот почеток негирал учество во злосторството, додека Дејан Драгијевиќ рекол дека двајцата ја удриле со службен автомобил, а потоа ја удавил во возилото, а телото го фрлеле во депонија.

После тоа, Драгијевиќ наводно со помош на татко му и брат му го префрлил телото на друга локација, но се‘ уште не е откриено.

Инаку, Срѓан Јанковиќ неодамна побарал второ слушање/сведочење во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, а потоа целосно негирал дека го сторил делото. И рекол дека тој никогаш не ја видел малата Данка и дека застанал кај депонијата за да се телефонира.

Ново рочиште побара и Дејан Драгијевиќ и се верува дека и тој ќе го смени сведочењето и ќе го негира убиството.

Нови сведоци ја решаваат мистеријата?

Како што потврдија од Обвинителството, а пренесоа медиумите од соседството, утре ќе бидат сослушани тројца нови сведоци за овој случај. Двајца сведоци се соседи и не се очекува да имаат некоја нова информација која полицијата не ја нашла, додека третиот би можел да биде пресуден.


Извор: република.рс