105-годишен фармер има корисни совети за долг и здрав живот

Добивај вести на Viber


Овој фармер од Минесота најголемиот дел од животот го поминал работејќи, а подолу дава совети за долг и здрав живот.

Ерл Малинџер нахранил генерации луѓе од неговата фарма со репка која се простира на 1.000 хектари, а стогодишникотсоветува дека треба да се движите постојано за да живеете долг и здрав живот.

Најстариот одгледувач на репка

Ерл вели: „Продолжете да се движите, бидејќи штом ќе престанете се ќе тргнете надолу прилично брзо“.

Тој вели дека свежиот воздух и вежбањето, додека работи на фармата му помогнале да остане здрав и активен сите овие години.

„Го сакам свежиот воздух и сакам да гледам како растат плодовите што Бог ги создал. Мора да имате многу вера кога имате малку семе и ќе добиете ваков род“, вели Ерл.

Иако сега Ерл не работи на терен, наместо тоа им дозволува на своите вработени да го прават тоа наместо него, тој сепак ги носи сите деловни одлуки.

Тој ги советува младите и новите земјоделци да „работат напорно“ и секогаш да го држат Бог во центарот на нивните животи. Нему му припишува заслуга за сите успеси што ги постигнал.

„Ако не сте наследиле земја од вашите родители, почнете да создавате нешто ваше. Работете напорно и не трошете премногу пари, па ќе бидете успешни“, вели тој.

Ерл исто така е благословен со големо семејство кое вклучува 60 внуци и правнуци, а на прашањето дали повеќе би сакал да се занимава со нешто во животот освен земјоделство, тој вели дека никогаш не би ги заменил своите 105 години на фармата за ништо.

Подолу во видеото слушнете што има овој мудар човек да им каже на сите.