12 златни воспитни совети од наставник за родители

1. Ако на вас не ви е добро, нема да биде и на вашето дете. Доведете ги работите во ред. Ако ве викаат во училиште и ви кажуваат дека вашето дете е лошо, побарајте стручна помош. Не постојат проблематични деца, туку само проблематични родители, а децата се нивни производ. 

2. Проверете што емитувате околу себе? Лутина, бес, радост, агресија или верба? Проверете дали се сакате и почитувате себе си. Оној кој не се сака себе си не ги сака ниту своите деца или партнерот. 

3. Какви се вашите односи со партнерот? Ако веќе сте се разишле со партнерот, не зборувајте лошо за него пред детето. 

4. Преиспитајте ги своите односи со родителите и ако има можност за подобрување, направете чекор напред. 

5. Кога детето ќе бира училиште не се мешајте со ваши предлози. Дајте му право на избор и на одговорност. 

6. Немојте да ги завршите сите обврски на детето кое има двоцифрен број години. 

7. Кога зборувате со детето, повеќе прашувајте, и повеќе слушајте. 

8. Ако детето внимателно зборува слушајте го, има што да научите. 

9. Воздржете се од негативен говор пред детето. 

10. Поддржете ги своето дете на неговиот пат дури и кога не знаете за што се работи. 

11. Препознајте ги сите посакувани и не толку посакувани особини кои детето ги поседува. 

12. Сакајте го своето дете.