13-годишно девојче присилно се омажи за 48 годишен маж: Морничави фотографии кои ја шокираа јавноста (фото)
Приказнните во кои деца се принудуваат на брак за пари го обиколуваат светот години наназад, сепак, ниту острите реакции на јавноста, ниту организациите за заштита на децата не успеале до сега да го спречат ширењето на оваа појава која е речиси најчеста во слабо развиените земји. Бизарната и морничава свадбена цермонија која пред две години се одвивала на Филипините, помеѓу 13-годишно девојче кое било принудено да се омажи за 48-годишен е токму една од нив.
Свадбата се одржала во градот Мамасапано, а вознемирувачките фотографии се доказ за ужасната практика која дозволува малолетните девојки да се мажат под принуда. На една од шокантните слики се гледа како маж бакнува дете во образ.
Малолетната невестата стана петтата сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а венчавката била организирана според исламските обичаи, пренесувал Мирор во 2021 година.
- Среќен сум што ја најдов и што деновите ќе ги поминувам со неа грижејќи се за моите деца, изјави тогаш Ампатуан за венчавката која го згрози светот. Тој планира да има деца со својата петта сопруга кога таа ќе наполни 20 години. Додаде дека ќе ја испрати и на училиште за да биде подготвена да стане мајка.
Во некои делови на Филипините, особено во регионот Минданао
со мнозинско муслиманско население, на малолетните девојчиња им е дозволено да
се венчаат веднаш штом ќе добијат циклус. Податоците на Детскиот фонд на
ОН (УНИЦЕФ) покажаа дека земјата била
12-сета во светот по број на малолетни невести кој изнесувал неверојатни 726 илјади.
Лондонската група „Girls Not Young“ објави дека ваквите бракови ги нарушуваат правата на девојчињата на здравје, образование и други животни можности.
Фото: Profimedia