Јадела тиква 20 дена: Ова се резултатите (РЕЦЕПТ)
„Не верував дека ќе се случи вакво нешто, но ја сакав тиквата
и инсистирав да ја конзумирам секој ден 20 дена по ред“, вака ја започнува својата исповед-приказна една русинка која се изненадила од резултатите што ги имала по 20 дена консумирање на тиква, целата исповед ја пренесуваме во целост:
„Навистина се заљубив во тиквата неодамна. Последниот месец, постојано ја користам во оброците. И тогаш, пред неколку недели, ги прочитав на Интернет здравствените придобивки од тиквата. Се чини дека е полна со витамини и минерали кои ја обновуваат секоја клетка во телото.
А, поради тоа, решив да спроведам експеримент: јадам тиква 20 дена, секој ден, сакав да видам како и дали ќе ми го подобри здравјето!
Никогаш не сонував дека првите позитивни резултати ќе дојдат толку брзо. Еве што се случи:
За вечера подготвив тиква така што ја излупив, ја сечев на коцки и ја печев во рерна. Тоа беше вкусно!
За 20 дена јас:
Намалив 3 килограми кои секогаш беа „вишок“. Тоа е затоа што тиквата содржи голема количина влакна, кои го заситуваат телото и го имате тоа прекрасно чувство на ситост во стомакот долго време. Самата тиква е нискокалорична, така што таквата вечера не влијае на фигурата.
Кожата на лицето ми се затегна и некако заблеска. За ова очигледно придонесе тиквата, која го чисти телото од токсини и разни отрови, а нашето лице само го одразува она што се случува во нашето тело.
Варењето на храната ми се подобри, што значи дека столицата се врати во нормала. Во минатото, овие проблеми често ми пречеа, но се чини дека тиквата го реши овој проблем.
Мислам дека тиквата го подобри и мојот вид. Бидејќи работам на компјутер имам проблеми со тоа, мојот вид е „замаглен“. Но, откако јадам тиква, не ги почувствував тие проблеми.
Овие причини беа доволни за да одлучам како ќе продолжам да јадам тиква што е можно почесто. Овие неколку рецепти што ги правев и ќе ги правам со задоволство ги споделувам со вас:
Крем супа од тиква:
Потребни ви се: 1 кромид, 2 чешниња лук, 1 морков, 1 компир, половина килограм излупена тиква, вода, зачини.
Начин на подготовка: Пропржете го кромидот и лукот во малку масло и додадете го другиот зеленчук. Ставете вода и оставете да се вари околу половина час. Потоа изблендирајте го зеленчукот. Додадете зачини и сервирајте!
Рижото од тиква:
Потребни се: 1 чаша ориз, 1 чаша тиква исечкана на коцки, 2 чаши пилешка супа (или вода), 1 мал кромид, 1 чешне лук, 1 голем морков исечкан на коцки, 1 чаша слатка пченка; 2 лажици маслиново масло; малку сол, бибер, куркума.
Начин на подготовка: На масло пропржете го кромидот и лукот, па додадете морков, тиква и слатка пченка. Додадете малку вода и динстајте. Потоа додадете го оризот и зачините. Мешајте. Ставетеод пилешката супа или вода и нека се вари бавно. По околу 10 минути, тргнете го од оган.
Шпагети со тиква:
Потребни се: неколку листови жалфија, половина килограм излупена тиква, 2 чешниња лук, малку сол, бибер, куркума, вода, масло и шпагети.
Начин на подготовка: Пржете ја жалфијата во масло и додадете тиква исечкана на коцки. Потоа додадете малку лук. Ставете вода и оставете ја тиквата да се вари околу 20 минути. Кога ќе се свари, додадете зачини и изблендирајте до пире. Потоа сварете ги шпагетите и додадете го сосот од тиква врз нив. Уживајте!“.
Фото: фреепик
Изгубете 10 килограми за 2 недели со исхрана со тиква: Ефикасна диета