23 години помлада од Сверина: Дали ова е новата девојка на Игор Којиќ - ја шокираше јавноста со жешки сцени

Добивај вести на Viber

Игор Којиќ (35), поранешен голман и наследник на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, наводно ја завел актерката Теодора Бјелица (28), откако се развел од познатата хрватска пејачка Северина Вучковиќ (51).

На големо се шпекулира дека Игор Којиќ неодамна започнал романса со Теодора Бјелица, која често ја нарекуваат српскаta најубава актерка, а за која долго време се зборува дека е непризнаената ќерка на починатиот новинар Мирослав Лазански. Нејзината мајка е актерката Гордана Бјелица, која се прослави со улогата на секретарката на Беба во серијата „Среќни луѓе“, а своевремено учествуваше и во реалното шоу „Фарма“. 

Гледачите имаа можност да ја гледаат Гордана во продукциите „Bolji život“, каде глумеше проститутка, „Gore-dole“, каде што играше секретарка, но и во „Porodičnom blagu“ каде го толкуваше ликот на мајката на Лена.

Во претходните три години Теодора имаше голем број улоги во домашната продукција во кои ја гледавме гола, за што се зборуваше и во јавноста. Во „Јужен ветер“ имаше сцени каде што беше речиси целосно гола. 

Таа во продукцијата на „Tri muškarca i tetka“ имаше жешка сцена со Милан Васиќ. Подвезици и интимни делови тогаш беа во преден план, додека тие како вистински професионалци го презентираа она што сценариото го бара од нив. 

Теодора имаше и многу провокативна сцена во серијата „Slatke muke“, а во една прилика откри дали улогите во кои била разголена и одмогнале во кариерата.

- Имав сцена во „Аfter partiju“ и „Juznom vetru“ и дефинитивно ми помогна. Но јас мислам дека ако некој не вреди, бесмислено е да се соблече. Многу актерки почнаа така. Мама прва ми рече: „Сè што јас, синe, не направив, направи ти“. Не ми пречи премногу. Тоа не е шокантно за мене. Моето тело е мојата алатка за работа. Пренесувам емоции на гледачот. Не би му придавала толкаво значење на тоа - изјави тогаш Теодора.

View this post on Instagram

A post shared by Teodora Bjelica (@teodorabjelica)


Игор Којиќ и Теодора Бјелица на социјалните мрежи споделија фотографии од Копаоник, кои се речиси идентични. Тие многу се следат на Инстаграм, додека „Стори“ напиша дека се во врска околу две недели.

Игор со пејачката Северина беше во брак од 2015 до 2021 година.


Фото: Youtube- screenshoot/Инстаграм

Игор Којиќ си ја отвори душата и откри сè за врската со Северина: „Тој е главниот виновник за конфликтот меѓу неа и нејзините сестри“