25 евра за 10 кебапи: На Германците Хрватска им е скапа, а замислете за нас

Многу туристи кои годинава решија да летуваат во Хрватска беа изненадени од претерано високите цени на храната, сместувањето, лежалките и се останато.

Германските медиуми ТЗ и Меркур ја пренесоа изјавата на Барбара Марковиќ, претседателка на Хрватското здружение за семејно сместување, која вели дека Хрватска е за 25 проценти поскапа од конкуренцијата - не само за ноќевања, туку и за сите други релевантни понуди.

Таа напомена и дека Хрватска сега е поскапа од Шпанија и Грција, а цените секој ден се повисоки. Маринковиќ посочува дека од некогашната омилена семејна дестинација, Хрватска го губи тој примат поради цените во некои региони.

Но, тоа не е се. Тамошните медиуми пренесуваат изјави и од посетители кои останале шокирани од цените во рестораните.

„Десет невкусни ќебапи, грст замрзнато месо и мало пиво ме чинеа нешто помалку од 25 евра. Сметката ја заокружив на 25 евра, но сума беше навистина тешка за мојот стомак“, вели турист кој бил на Брач. 

Како што пренесуваат медиумите, гостите треба да трошат и до 40 евра дневно за лежалки, што е навистина вртоглава бројка за оваа услуга.

„Цените се исти, ако не и поскапи од овде“, изјави туристот за австриските медиуми.

Фото: Принтскрин/Твитер