Животна училница // Приказни
3.200 € ЗА КОШТАНА: И новата власт одвои пари за „Силви бенд“
Проектите на познатото дуо последните години во континуитет се стимулирани со народни пари. Претходно, брачната двојка промовира неколку субвенционирани песни
Министерството за култура одвои 200.000 денари за концерти на „Силви бенд“ во повеќе македонски градови. Парите се наменети за проектот „Коштана“ за перформанси во Македонската опера и балет, на сцената „Долни сарај“ во Охрид, во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица и во Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес. „Силви бенд“ побарале од државата скоро 35.000 евра (2.136.300 денари), но Министерството им одобри само 3.200 евра.
[caption id="attachment_17100" align="aligncenter" width="649"] Сцена од мјузиклот „Коштана“[/caption]
Проектите на познатото дуо последните неколку години во континуитет се реализирани со народни пари. Во повеќе наврати им беа одобрени средства во рамките на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, меѓу кои и за наменскиот рефрен „Македонија“, песна со која ја афирмираат историјата на нашата земја. На еден од конкурсите беа рангирани и во категоријата „Ѕвезди“ каде стимулацијата за една нумера и спот беше најатрактивна (4.500 евра), а им беа одобрени две такви субвенции. Во тој период од „Силви бенд“ изјавија дека три децении егзистираат самостојно благодарејќи на својот труд, но и потсетија дека низ историјата уметниците постојано имале мецени кои го поддржувале нивното творештво. „Ние имаме свое реноме кое го стекнавме со напорна, чесна и професионална работа“, изјавија пред две години.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов