30.000 евра за хотел, авионски карти и забава во Мајами: Вака Филип Живојиновиќ и Александра уживаат на одмор (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Српската пејачка и нејзиното семејство заминаа на заслужен одмор во Америка...

Синот на познатата пејачка Лепа Брена, Филип Живојиновиќ и неговата сопруга Александра Пријовиќ одлучија малку да се опуштат и да уживаат во Америка.

Тие пред неколку дена отпатуваа во Мајами, каде ќе поминат неколку дена, а Александра не одолеа, па сподели детали од тој одмор со следбениците на социјалните мрежи.

Како што пренесува „Блиц“, пејачката и нејзиниот сопруг со синот Александар отпатувале во Америка и наводно за ова патување издвоиле 30.000 евра.

„Александра минатата година се вброи помеѓу трите најбарани пејачки, настапуваше секој викенд. Затоа реши по дочекот на Новата година да се почести со луксузен одмор. Долго се размислуваше каде да патува, на крајот, поради Филип одлучи да оди во Америка, каде поминал дел од животот. Издвоила дури 30.000 евра за хотел, авионски карти и забава низ Мајами. Минатиот викенд пристигнаа во Мајами и се сместија во еден луксузен хотел“ - откри извор близок на пејачката.

На ова патување со нив е и мајката на Александра, која се грижи за малиот Александар, додека таа и Филип уживаат.

„До Мајами се патува повеќе од 13 часа, а Аки беше мирен цело време и гледаше цртани. А, кога Александра и Филип ќе посакаат сами да одат на забава, за него ќе се грижи баба Борка“ - вели изворот и додава:

„Пејачката ми кажа дека ѝ потребен одмор од работата, но и од сценската шминка и облека. Затоа сака да се опушти, па секој ден ќе оди на плажа и покрај хотелскиот базен, кој е на самиот брег. Навечер планира да оди на прошетки, но нема да се средува, ми кажа дека нема да носи високи потпетици! Ако ѝ затреба нешто, ќе си купи. Планираат да ја посетат и куќата која ја имаат Живојиновиќ, но одморот сепак ќе го поминат во хотелот.“

Сето ова го потврди и самата пејачка, која извјави:

„По празниците заминавме на одмор. Заслужив бидејќи многу работев. Филип, Аки, мојата мајка и јас уживаме во Мајами! Го сакам топлото време, затоа деновите ги поминуваме на плажа, а ноќите во прошетка и шопинг“.

Како си поминуваат, заклучете сами од фотографиите во продолжение:

фото: Принтскрин / Инстаграм