5 модерни и топли здолништа за студеното време: Кога ќе ги видите, повеќе нема да сакате да носите панталони (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Здолништата дизајнирани за ладно време не само што се модерни и топли, туку нивната удобност ќе ве одвикне од носење панталони...

Здолништата се повеќе во мода од порано, но не само летните и пролетните, туку топлите, кои се добар избор доколку чувствувате дека постојано ви е ладно. Во зима, волнените панталони и гломазните џемпери традиционално стануваат наша униформа. Сепак, и во најстудените зимски денови понекогаш сакате да изгледате женствено и елегантно. Не треба да си го негирате тоа, особено што во асортиманот на разни брендови можете да најдете голем број фустани и здолништа кои ќе ве стоплат.

При изборот на стил, водете се од вашиот вкус. Со топли хулахопки можете да облечете и мини топло здолниште. Жените често се држат до топли панталони од страв да не настинат, а многумина тоа го прават во текот на зимата и прават голема грешка. Опуштете се и експериментирајте. Оваа сезона популарни се здолништата со облик на молив, како и моделите со прав и А-крој. Изберете го стилот кој најмногу одговара на вашата фигура и „без зима“. Без разлика каков материјал и крој ќе изберете, ќе добиете парче облека што може да се комбинира со разни работи и да се носи цела зима. За здолништето да не ви ја намали висината, носете го или со чизми над колена или со ниски чевли, но задолжително надополнете го со соодветни хулахопки.

Ова се некои од моделите што ги избравме за вас:

1. Удобна трикотажа


  2. Кадифето се враќа во мода


  3. А ла Шанел


  4. Винтиџ шик


  5. Нешто сосема поинакво, сошиено од материјал како зимска јакна



ФОТО: Инстаграм