5% поврат на средства во Веро и Џамбо маркети само со Американ Експрес картичка

Добивај вести на Viber

Полека, но сигурно се доближуваме до најубавите пролетни празници - Велигден и Први мај. Празници исполнети со љубов и топлина за најблиските, но и многу пазарувања.

За таа цел, почнувајќи од 10-ти април па сѐ до 10-ти мај, во траење од еден месец, ќе започне ексклузивна промотивна кампања со Американ Експрес картичките издадени од Силк Роуд Банка, во Веро и Џамбо маркетите, со која корисниците на картичките со секоја трансакција ќе добијат 5% кешбек, односно поврат на средства, од вкупниот износ на направената трансакција на ПОС терминал.

Во период на вакви празници, оваа кампања е супер можност да пазарувате со задоволство.

Доколку сѐ уште немате аплицирано за Aмерикан Експрес картичка, ве информираме дека во тек е промотивен период за Американ Експрес Грин кредитната картичка каде што со секоја апликација за картичката до 31.05.2019 година и направени 5 трансакции со неа добивате бесплатна членарина за првите две години за користење на картичката.  Аплицирањето за картичката може да го направите тука, во експозитурите на банката или на телефонските броеви 02/3203 555 или 02/3289 477.