5 практични совети за намалување на потрошувачката на хартија

Добивај вести на Viber

Хартијата е еден од најраспространетите и најчесто употребуваните потрошувачки материјали во светот, и покрај растот во употребата на електронските средства за комуникација (интернет, компјутер, маил, телефон...).

Но, дали знаете дека за производство на еден тон хартија потребно е да се исечат околу 17 веќе развиени дрвја?

Сепак, доколку сите преземеме неколку мали чекори во секојдневните навики можеме директно да влијаеме во заштитата на животната околина и заштедата на употреба на хартија.

Затоа прочитајте ги нашите практични совети и дознајте како заедно да ја намалиме потрошувачката на хартија за да ги зачуваме природните ресурси на планетата!

1.Печатете двострано

За документи кои немаат посебни услови за печатење, користете ги двете страни на хартијата за печатење. Ова ќе ви заштеди 2 листа хартија, бидејќи ако ги испечатите само од една страна, ќе ви требаат 2 листа хартија.

2. Користете е-маил

За документи што не се премногу важни и не треба физички докази, користете е-маил. За внатрешни комуникации меѓу филијали /комитенти/клиенти/ претставници, употребувјате е-маил како комуникациски медиум, наместо да користите регуларна пошта за која треба да се потроши хартија.

Користењето е-маил заштедува на хартија и пари. Поканите пратени преку електронска пошта се побрзи и поефикасни.

3.Ограничете ја употребата на летоци и други промотивни материјали

При организирањето на семинар или работилница, не треба да се принтаат тетратки или тефтери за учесниците. Повеќето учесници на семинарите или работилниците имаат свој прибор за забелешки. Ограничете го печатењето на летоци ид руги промотивни материјали за потребите на семинарот или работилницата и однапред испратете ги материјалите на настанот преку е-маил.

Доколку е неопходно печатење на материјали употребувајте рециклирана хартија.

4.Користете рециклирана или не-дрвна хартија

Ако е можно, користете рециклирана хартија или хартија без дрво (на пр. Хартија од слама).

5. Намалете ја употребата на хартиени чаши, хартиени чинии за еднократна употреба и почнете да користите прибор за повеќекратна употреба.

Рестрикцијата во употреба на хартија во секојдневието им помага на бизнисите да заштедат на простор за архивирање, а истовремено ја зголемува продуктивноста, помага за брза размена на информации со употеба на е-маил и најважно директно влијае на зачувувањето на доверливоста на информациите. Покрај тоа, бизнисите кои се стремат за помала употреба на хартија во работата диретно помагаат во заштита на животната средина: колку помалку хартија користиме, толку повеќе дрва се зачувани.

vИнтересни факти што треба да ги знаете

·Со заштеда на тон хартија, можете да заштедите 17 дрвја, 26000 литри вода, 4000 киловати електрично напојување и 240 литри гориво.

·Канцелариски работник произведува 160 килограми хартија отпад, 45% од сите документи кое се испечатени во текот на денот се фрлени веднаш по печатењето.

·Просечно потребно е 5 литри вода за да се произведе едно парче A4 хартија.

·Хартијата претставува 25% од депонискиот отпад и 33% од комуналниот отпад.

·Секое дрво произведува доволно кислород за 3 лица да дишат.

·93% од хартијата доаѓа од дрвјата.

·50% од отпадот на сите бизниси е составен од хартија.