5 причини зошто секогаш треба да имате „Gardenia“ во вашиот замрзнувач
Замрзнатите зеленчук и овошје се докажано
најздравите видови храна што може да се најдат во замрзнувачот. Затоа одлучивме
со вас да споделиме 5 причини зошто замрзнатите зеленчук и овошје „Gardenia“ се добри за вас и зошто треба да ги имате во
вашиот замрзнувач во секое време. Почнуваме со ред.
1. Совршено созреани во секоја сезона!
Сезоната на зимници започнува, но и без да се
мачите да приготвувате, може да ги имате најздравите зеленчуци и овошја во
вашиот замрзнувач. Замрзнатите зеленчук и овошје од брендот „Gardenia“ на
Cermat се замрзнати во оптимален период по берењето за да ги задржат сите
нутритивни својства. Набрани се веднаш откако комплетно ќе созреат, што ги
прави полни со витамини, минерали и антиоксиданси. Со нивното замрзнување се
заклучуваат најголем дел од овие хранливи состојки што ќе ви бидат достапни за
вашиот прилог, смути и сл.
Со „Gardenia“ вашиот замрзнувач е подготвен за секоја сезона!
2. Тие се здрави и подготвени за готвење!
Сите ги сакаме свежи зеленчукот и овошјето, но
да бидеме искрени, немаме секогаш време да ги миеме, да ги лупиме и да ги приготвуваме,
особено наутро или по долгиот работен ден. Но затоа, кога во замрзнувачот ги
имаме „Gardenia“, ние сме подготвени во секоја ситуација да приготвиме здрав
оброк. Наутро брзате на работа?
Со миксот овошја на „Gardenia“ за миг може да приготвите витаминска бомба.
Ненајавени гости на ручек?
Со ориз, месо или риба и со замрзнатиот зеленчук лесно ќе приготвите идеален
оброк. Ова е уште една одлична причина зошто секогаш треба да ги имате во
вашиот замрзнувач.
3. Тие се разновидни!
Замислете, со „Gardenia“ во вашиот замрзнувач може да имате буквално над 14 различни видови зеленчуци и овошки во секое време. Вистински рај за сите гурмани, но и за оние што сакаат да зготват. Понудата на зеленчуци ви овозможува да приготвувате рецепти од сите светски кујни. Зеленчукот одлично се комбинира во рецептите од кинеската кујна, па токму затоа може да приготвите некој од интересните рецепти со зеленчук и да ги изненадите вашите блиски. Со овошјето може да приготвувате десерти и вистински витамински бомби, попознати како овошно смути. „Gardenia“ прави вашиот замрзнувач да содржи понуда на зеленчук и овошје што може да се најде и на зелен пазар, па затоа во секое време ќе го посетуваат сите членови на семејството.
4. Свежи и по отворањето!
Амбалажата во која се пакувани „Gardenia“ овозможува да се консумираат повеќе пати откако ќе се отворат и да ги задржат истата свежина и истиот вкус. Амбалажата на „Gardenia“ е лесна за складирање и нема да ви одземе премногу простор во вашиот замрзнувач. Од боранијата до царската мешавина, брокула, грашок, пченка и многу други, во замрзнувачот ќе ви биде складирано вашето тајно оружје за брз и здрав оброк во секое време.
5. Не содржат штетни адитиви!
Бидејќи со замрзнувањето се заштитуваат органските овошје и зеленчук, не е потребно да се додаваат штетни вештачки адитиви, како што се бои и засилувачи на вкус, со ова „Gardenia“ ги задржуваат природниот вкус и боите. Со консумирање на замрзнатите овошје и зеленчук ги добивате сите нивни нутритивни вредности и може да ги консумирате кога ќе посакате. Тие изобилуваат со витамин Ц, како и со други витамини што му се потребни на вашиот организам.
Здрави, лесни за приготвување и полни со витамини. Доколку сè уште ги немате во вашиот замрзнувач, не пропуштајте да ги земете при следната посета на некој маркет. Ние ги препорачуваме „Gardenia“ од Cermat со цел вашиот замрзнувач да ви понуди да готвите брзо и да се храните здраво!
ПР објава