5 совети за работа од дома: Како да не го уништите вашето здравје и да не се здебелите во домашна изолација

Веќе неколку недели сме во домашна изолација. Повеќето граѓани работат од дома, учениците учат од дома и буквално 24/7 сме сите заедно дома.

Еве неколку причини, зошто е добра работата од дома:

- Не трошиме час-два на ден во транспортот

- Можеме да спиеме час и половина подолго

- Можеме да запалиме цигара додека работиме секогаш кога сакаме (ако е дозволено пушење во домот)

- Можеме да јадаме секогаш кога сакаме без одложување ...

- Можеме да работиме во пижами (кој не е љубител на пижами)

- И многу повеќе.


Сепак, брзо забележуваме дека сите овие „олеснувања“ не се толку добри. Затоа е добро да воведете некои од следниве правила на кои ќе се придржувате сè додека работите од дома:


1. Еден појадок и еден ручек

Уште првиот ден на крајот на смената, скоро сите од нас имаа куп садови и празни ќеси од грицки и чипсови до работната маса. Ова се прошири и во наредните денови. Јадеме повеќепати на ден а особено грицки. За да на крајот од пандемијава да не сме со дополнителни 20 килограми вишок, треба да се намали јадењето и да се направи некој ред. Добро е да се појадува, и точно тоа време да ви биде време за пауза од работата. Ако премногу станете гладни за време на работа за ужинка земете овошје, исто како да сте во канцеларија, а ручекот оставете го за после завршувањето на работните обврски, односно по завршувањето на работното време.

2. Цигарите во друга просторија

Дома сме, не мораме да одиме на пауза за цигар ниту да симнуваме неколку ката за да запалиме цигара. Но, за да не се препушиме, добро е кутијата со цигари да стои во друга просторија, да не е блиску до нас.
Важно е тие да не се пред носот и на дофат.

3. Радвижувајте се барем неколку пати по неколку минути


Редовната работа во компанијата вклучува и кратка прошетка неколку пати за време на смената - скок во друг сектор за консултација, состанок и излегување за цигари бара да се симнете по скалите на неколку спрата и да излезете надвор. Сè може да се направи дома без движење, што веднаш го чувствува 'рбетот.

Добро е да одиме подалеку - цигари на тераса, стоејќи таму. Остварувајте телефонски повици шетајќи низ собата. Ќе почувствувате веднаш разлика.

4. Истегнување

Говорејќи за 'рбетот, мораме да признаеме дека на сите ни недостасува столот од канцеларија. Затоа добро е на сред работа да одвоите по 5 минути да се истегнете и да го исправите грбот.


5. Бидете физички активни

Не треба да излегуваме од дома, освен за битни работи, но тоа не значи дека дома не можеме да бидеме активни. Може да најдете безброј вежби на интернет коишто можете да ги правите дома.