52- годишната пејачка Камелија стана мајка: Им благодарам на сите кои помогнаа за твоето раѓање

Пејачката Камелија на Велигден стана мајка

Познатата бугарска пејачка Камелија стана мајка. Веста ја објави самата на своите профили на социјалните мрежи, каде прикачи фотографија со бебето и им посака среќен Велигден на своите фанови.

„Среќен Велигден. За нашето семејство тој е најголем. Имаме БЕБЕ. Ви благодариме на сите кои помогнаа за твоето раѓање, мало наше сѐ", напиша популарната пејачка под фотографијата.


52-годишната изведувачка на неколку хотови межу кои и „Залезот и зората“ и „Луда по тебе“ не еднаш сподели дека заедно со нејзиниот сопруг Цветин сакаат да станат родители.

Двајцата се заедно 25 години, а и официјално објавија дека имаат брак за кој повеќето нејзини обожаватели не знаеја.

Со текот на годините, Камелија сподели дека нејзини три бремености завршиле со спонтани абортуси.

„Сакам да имам деца, и верувајте, направив сѐ што е можно за да имам деца. Чисто емотивно и хормонално, ако некогаш опишам низ што сум поминала, никој нема да верува дека можам да изгледам вака и да бидам со сите“, изјави пејачката во интервју за Mont Deux по повод нејзиниот 50-ти роденден.

„Изгубив три бремености, надежта ми се уништи, прво го посакував како нов подарок или нова песна, подоцна сфатив дека ова е поинакво искуство и друга подготвеност на телото, умот и душата да доживеат во синхронизација. Во оваа насока направив сѐ, и ако навистина треба да имам деца во овој живот, ќе ги имам“, рече Камелија во 2021 година.


Потоа рече дека тоа што ѝ се случи тешко се доживува, со болка, со обвинувања, со незадоволство кон оние околу неа.

„Најтешкото беше кога требаше да абортирам на роденденот, бев бремена со близнаци. И си реков - за да се случи ова, или сум подготвена да го преживеам, или ова ќе е мојата лузна за да можам да продолжам понатаму“, истакна Камелија пред две години.


Фото: Инстаграм - Камелија
Видео: Youtube