Стил Профил,
Трендови
7 годишни близначки дефинитивно најубави девојчиња во светот ја освојуваат модната индустрија
Мајка на седумгодишни идентични близнаци ги претвори во ѕвезди само неколку месеци по создавање на нивниот Instagram профил.
Леа Роуз и Ава Мари кои живеат во американскиот град Лос Анџелес, освоиле 139 000 следбеници, откако нивната мајка почнува да објавува нивни слики во Instagram во јули, објави Daily Mail.
Познати како Clements Twins, сестрите веќе потпишале договори со модни агенции. Непосредно пред Божиќ тие имале шест различни работни ангажмани во рамките на една недела и според нивната мајка, "им се допаѓа" секоја минута од нив.
Девојките се опишувани како „апсолутно прекрасни“ и „навистина прекрасни“ од своите следбеници, а некои дури ги нарекуваат „најубавите девојки во светот“.