9 едноставни но корисни совети: Бидете фит без многу напор и исцрпувачки вежби

Добивај вести на Viber

Диетите не се секогаш добар избор доколку сакате да ги намалите килограмите.Има навистина многи методи за подобрување на метаболизмот и ослободување на токсините од телото, што доведува до добра фигура и добро здравје. Можете да го надитрите вашето тело и да го натерате да изгуби тежина ако знаете што да јадете и пиете и кои точки да ги масирате. Здравата исхрана е задолжителна, и без неа не се постигнува посакуваниот ефект.

Еве 9 совети како да стигнете до посакуваната цел:

Нането го намалува апетитот. Добро е во вашата чанта да имате тинктура од нане која се продава во секоја аптека. Во случај на анксиозност, глад или замор, пијте ја ако е потребно. 

Релаксацијата е корисна за душата и за телото. Ако научите да го слушате ритамот на вашето тело, се концентрирате кон себе, можете да регулирате некои функции на вашиот организам. Седнете на турски начин, ставете ги рацете на бутовите и соберете ги прстите. Затворете ги очите и слушајте го своето дишење, полека и ритмички. 

Ориз како оброк. Прекумерна тежина се јавува и кога телото насобрало премногу токсини. Во овој случај, сите метаболистички процеси не функционираат правилно. Алтернативната медицина препорачува во такви случаи тридневна диета со ориз. Наутро, за ручек и вечера, јадете го следново: две лажици бел ориз се варат во половина литар вода за еден час, па се додава малку сол. Многу е важно секојдневно да пиете два литра чиста вода. 

Јогурт или кисело млеко за здрави црева. Телото само прави процеси на хранливи материи правилно, доколку цревата се здрави и функционираат беспрекорно. Јогуртот содржи млечна киселина и пробиотици, кои се грижат за добро варење. 

Бања со јаболков оцет. Ако се чувствувате уморни и без енергија, бањата со оцетна киселина ќе ве релаксира и ќе ве расположи. Во топла бања додадете 300 мл јаболков оцет, па искапете се 15 минути. Ова го подобрува метаболизмот. 

Масло од лаванда кое смирува. Маслото од лаванда мириса добро, релаксира и делува како седатив, посебно ако не можете да заспиете ноќе. Ако сте загрижени за спиење, ставете капка на вашите слепоочници и ќе спиете како бебе.

Глуварче против целулит .Чајот од глуварче ги отстранува штетните токсини од телото, како и акумулараниот материјал, кој е депонирани како несакан целулит. Ставете две лажици суво глуварче во ладна вода и оставете да се вари пет минути. На крај, нека врие десет минути, прецедете и пијте два или три пати на ден во чаша. 

Витаминот Ц го стимулира губењето на тежината. Пијте секој ден сок од лимон разреден со вода. На овој начин, телото добива доволно витамин Ц и го чува во надбубрежната жлезда. Таму се произведуваат неколку хормони кои го стимулираат слабеењето: адреналин, норадреналин и кортизол. 

Чај од босилек против надуеност. Ако вашиот стомак отече, треба да пиете чај од босилек. Ставете 2 супени лажици сушен босилек во 200 ml вода што врие, и по 15минути прецедете. 


Фото:Freepik