9 интересни факти кои не ги знаете за мајката на Меган Маркл

Добивај вести на Viber

Меган Маркл стана принцеза на Хари и ја доби Кралската титула на војвотката од Сакекс, но за нејзината мајка, Дориа Рагланд, Маркл секогаш ќе биде нејзиниот „Цвет".

Дориа и го даде прекарот „Цвет" на нејзината ќерка како мало девојче - и од она што го знаеме за Маркл, се чини дека е сосема соодветен. Меган е горда феминистка и сето тоа го наследила од нејзината мајка.

Еве девет работи што треба да ги знаете за „бабата“ на принцот Хари и мајка на Маркл:

1. Таа е најдобра пријателка на својата ќерка

Меган е благодарна за „слободниот дух“ што го наследила од мајка си, и секогаш изјавува дека таа е личноста која ја разбира за се.


2. Таа е потомок на робови

Меган е првата личност во британското кралско семејство, која е потомок на робови. Претходник  на семејството на Раглнд бил роден во ропство во Грузија во 1830-та година, а по еманципацијата, семејството Рагланд се преселило во Тенеси и потоа во Калифорнија. Дориа Рагланд е родена во 1956-та година во Лос Анџелес, каде што е исто така родена и израсната Меган.


3. Таа беше дел од планирањето на кралската венчавка

Дориа ја помина последната вечер пред венчавката со ќерка си и ја испрати до катедралата.


4. Таа е социјален работник

Рагланд е социјален работник кој се фокусира на менталното здравје и геријатриската нега. До неодамна, таа работела во непрофитна клиника за ментално здравје, но се откажала од работата поради интересот на медиумите за неа и нејзината ќерка. Таа, наводно, планира да отвори приватна ординација.


5. Таа и сопругот ја ставија ќерката на прво место

Рагленд го запознала таткото на нејзината ќерка, Томас Маркл, додека работела на сет „General Hospital” кон крајот на 1970-тите. Таа била шминкерка, додека Томас бил директор за осветлување. Двојкатастапила во брак и Меган Маркл е родена во 1981-ва година, но бракот не траел.

Меган Маркл никогаш не ги фатила своите родители во расправија и често имале заеднички вечери и гледање филмови. Иако разводот никогаш не е лесен за детето, оваа мајка навистина дала приоритет на благосостојбата на нејзината ќерка за да го задржи своето семејство во близина.


6. Таа предава јога

Не само што Дориа го промовира велнесот на другите преку нејзината социјална работа, туку и го става акцентот на самозагриженоста и им помага на другите да го сторат истото преку својата настава по јога.


7. Таа ја научила ќерка си на вредностите за социјална свест

Маркл им ја препишува заслугата, на своите родители, за развивање на свеста за светот и влијанието што може да го има. 


8. Таа завршила факултетско образование со помош на својата ќерка

Дориа магистрирала во социјалната работа на Универзитетот во Јужна Калифорнија во 2015-та година. Според US Weekly, Маркл платила за мајка ѝ да се врати во училиште и на тој начин ѝ овозможила да го оствари својот „животен сон" за да стане социјален работник.


9. Таа и принцот Хари се согласуваат

Се разбира, за Регланд е важно да се справи со нејзиниот зет, и изгледа дека имаат одлична врска. Принцот Хари ја нарече Дориа - „неверојатна" за време на интервјуто со Би-Би-Си. Маркл, исто така, сподели дека принцот Хари бил во можност да „помине многу време" со нејзината мајка, вклучително и на игрите Invictus во Торонто, и им било многу забавно. Се чини дека таа се согласува и со остатокот од британското кралско семејство, исто така!