9 Март, 1959-та - Историски ден за куклата „Barbie“
Најомилената играчка од детството!
Сите пораснавме со најомилената наша играчка „Barbie“, онаа за којашто мечтаевме секојдневно со очи широко отворени.
По повод роденденот на „Barbie“ продавницата за играчки Маша и медо има акција 30% попуст на сите артикли од линијата „Barbie“ (акцијата ќе трае до 17.03. Сабота)
Линк : Продавница за играчки - Маша и Медо
На овој ден, во далечната 1959-та година, за првпат на саемот за играчки во Њујорк, е изложена првата „Barbie“ кукла.
11 инчи висока, со волшебна долга плава коса, куклата „Barbie“ беше првата кукла-играчка во Америка со возрасни карактеристики и особини. Жената којашто стои зад „Barbie“ се вика Рут Хендлер, која е ко-основачот на компанијата Мател, Инс во 1945-та година, заедно со својот сопруг.
Како започнала приказната за „Barbie“?
Откако ја забележала својата ќерка дека ги игнорира своите куклички за играње, Хендлер сфатила дека постоењето на играчка којашто ќе им овозможи на малите девојчиња да сонуваат и да ја замислуваат својата иднина, е главниот продукт што недостасувало на пазарот за играчки.
Првиот модел на „Barbie“ беше моделиран на куклата Лили, кукла базирана на лик од комичен стрип. За брзо време, кукличката Лили достигнува вртоглав успех помеѓу децата, и набрзо станува омилена играчка помеѓу најмалите.
Мател, подоцна ги откупува правата на Лили, и создава своја верзија, каде Хендлер ја именува оваа кукличка по својата ќерка- Барбара. Со спонзорство од Мики Маус Клубот- ТВ програма од 1955-та година, Мател станува првата компанија за играчки што емитува реклами за деца.
Тие, го искористија овој медиум за да ја промовираат нивната нова играчка, и до 1961-та година, поради огромната побарувачка на куклата од страната на потрошувачите, доведе и до создавањето на „Ken“ -момчето на „Barbie“. Хендлер овојпат повторно се одлучува да го именува дечкото на „Barbie“ по својот син. Најдобрата пријателка на Barbie, Midge беше произведена во 1963-та година, додека нејзината сестра Skipper, дебитираше веќе следната година.
Со годините, присуството на „Barbie“ на пазарот за играчки, донесе доста заработка, но и контроверзии. На позитивната страна, многу жени низ призмата на „Barbie“ ја видоа другата алтернатива на традиционалната домаќинка од 1950-те и нејзините улоги. Сега новата алтернатива, има различни работи и кариери, од стјуардеса, доктор, пилот или астронаут, до олимписка атлета, па дури и кандидат за претседателка на Америка.
Други сметаа дека безбројните дизајнерски парчиња, куќа од соништата и колите, ги охрабрува децата да бидат материјалисти. Но, самата појава на Барби е она што предизвика најмногу контроверзија. Нејзиниот тенок струк и зголемени гради, кои не се согласуваа со нормалните предиспозиции на телото на една жена во реалноста 36-18-38, доведува до различни негативни гледишта во врска со женското тело.
И покрај критицизмот, продажбите на Барби продолжија да растат, правејќи 1 милијарда долари до 1993-та година. Од 1959-та година, повеќе од 800 милиони кукли од Барби беа продадени ширум светот, притоа останувајќи вистинска глобална икона.