Абаја, шеик и роденденска торта: Мајката на Сузана Гавазова прослави роденден

Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова и приреди забава на својата мајка по повод 71-от роденден.

Пејачката секоја година и организира роденден на својата мајка и објавува фотографии на социјалните мрежи.

Оваа година организирала тематска забава со традиционална арапска облека. Мајката на Сузана облечена е во црна абаја со златни везови и игра на ориентален танц во друштво на шеик.

„Среќен роденден, мамичке“, напиша Гавазова.

Објави и фотографија на која нејзината мајка Руса, дува свеќи со бројот 71 на роденденска торта.

„Да си ми жива и здрава мајко моја, те сакам најмногу“, напиша Сузана.

Инаку пејачката неодамна се врати од патување во Дубаи, каде беше заедно со сопругот и двете ќерки. 

Фото: Инстаграм