Absolus d’Orient, колекција на парфеми од Guerlain која открива нов фасцинантен свет на ориентални мириси

Добивај вести на Viber

Родена од потрагата за најфините сурови состојки, Absolus d’Orient колекцијата ги пренесува сетилата за уникатни ориентални парфеми. Oткријте нов и фасцинантен свет со скапoцени тајни низ мистериозните ноти на килибар, дрвенести ноти и зачини. Топло и волшебно, мирисот ја доловува убавината на на Истокот. Откријте ја аромата на префинетост од Guerlain Absolus d'Orient која носи раскошни сензуални мириси за мажи и жени. Инспириран од чисти и привлечни ароми од Истокот и Западот, секој од мирисите во колекцијата раскажува раскошна приказна за нови и безгранични откритија. Thierry Wasser од Guerlain , преку комбинацијата на најскапоцените мирисни ноти од целиот свет, Ве поканува да откриете нов потпис кој ги стимулира и заведува чувствата.

Bois Mystérieux 

Кожа со раскошни дрвенести ноти, кедрово дрво и мирта. Уникатно и смело, Bois Mystérieux е модерна интерпретација на концептот на егзотичност. Длабока и темна ноќ која ја открива својата прозрачност преку интензивноста, украсена со присуство на кедар, пачули и мирта. Ноти на шафран, специјално дизајниран од Thierry Wasser за Déserts d’Orient колекцијата, суптилна и зачинета, токму како ориенталните богатства. Идеална мирисна композиција за мажи и жени. 

Encens Mythique 

Ориентална, скапоцена, привлечна, нова и божествена емоција. Етеричен темјан кој се чувствува минимално, додека отстапува место на мирисот на розата. Бескрајна сладост и исклучителна длабочина доаѓаат од автентичниот и величествен амбергрис од Нов Зеланд, специјално селектирана од Thierry Wasser токму за овој парфем, наменет за мажи и жени. 

Musc Noble 

Храбар, сензуален, величествен. Хармонија на мириси во која се чувствува присуството на роза. Инспириран од Ориентот, оваа креација на Thierry Wasser, става акцент на сладестите мириси, на розата, со енергични ноти на кедар. Ова е парфем кој има свој карактер чија интензивност се чувствува веднаш. Идеален е за мажи и жени. 

Santal Royal 

Древенесто ориентален, мистериозен и волшебен. Нероли, јасмин, праска, роза, цимет, сандалово дрво, кожени ноти, ноти на амбер, oud... За оваа креација, Thierry Wasser ја црпи инспирацијата од богатството на Истокот, работејќи со една од најретките и скапоцени состојки во светот на парфемите: сандаловото дрво. Обвиена со мистерија, волшебната нота носи нов дрвенест ориентален мирис, e суптилна контраст помеѓу темните ноти на кожа и oud, како и прозрачните цветни ноти на јасмин и роза. 

Oud Essentiel 

Раскошен и харизматичен мирис кој заведува. Уникатно мирисно искуство од Истокот и Западот. За да создаде нов парфем во колекцијата на Absolus d’Orient, Thierry Wasser ја црпи инспирацијата од скапоценото oud дрво: Oud Essentiel. Парфемот е величествена прослава на ретките состојки кои откриваат вистинска моќ и сензуалност. Античко богатство скриено од погледите на луѓето, подарок кој пренесува цел мирисен свет на Guerlain. 

Ambre Eternel

Енергичен, благороден мирис кој веднаш освојува. Ги чувствувате дрвенестите ноти, килибарот, амбер, коријандер, цимет, портокал, иланг – иланг и овошните ноти. Thierry Wasser добива инспирација од богатствата на Истокот за да создаден моќен мирис кој ќе биде наменет за мажи и жени.