Пејачката Адел растела во прилично обичен стан во Лондон. Благодарение на нејзиниот талент и напорна работа, пејачката успеала да си дозволи многу подобри услови за живот.
Имотот „Lock House“ каде што ѕвездата живеела пред година дена денес е ставен на продажба за 6.000.000 фунти. Куќата се наоѓа во Сасекс, југоисточна Англија, изградена во 1900 година.
Има десет спални соби, просторија со билјард, дневна, кујна, базен и огромна трпезарија. И девет бањи.
Ентериерот е во класичен англиски стил: цветни ткаенини, камини и прозорци. Меѓутоа, има и модерен акцент, како што се стаклените скали и белата кујна во трпезаријата.