Адел се расплака на сцената: За сѐ е виновна нејзината обожавателка која го прославувала својот развод на концертот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

На концертот на Адел таа држела парче хартија на кое пишувало: „Ти ми помогна да поминам низ разводот“, а кога Адел ја забележала, се расплакала на сцената...

На воодушевување на многубројните фанови, британската пејачка Адел секој викенд има концерт во Лас Вегас, а една нејзина обожавателка концертот го искористила за да го прослави разводот. Пејачката се расплакала кога ја слушнала нејзината причина.

Ребека Феинглос (33) неодамна се развела и тој настан го прослави така што со 14 пријателки заминала во Лас Вегас, а целата приказна ја сподели на својот профил на ТикТок.

„Си направив забава во Вегас на „тазе невенчана“ со најблиските пријателки и ја расплакавме Адел“ - напиша Ребека на видеото.

На концертот на Адел држела парче хартија кое пишувало „Ти ми помогна да поминам низ разводот, а на пејачката ѝ објасни дека во тој момент го прославува разводот. Кога го слушнала ова, Адел се расплакала.

„Ми се допаѓа ова! Тоа што ги донесе пријателките многу ме трогна“ - извика Адел, а потоа на сите им даде совет.

„Држете се до вашите пријателки, бидејќи тие се подобро од било кој маж или жена. Пријателите се со тебе доживотно“ - изјави пејачката.

фото: Принтскрин / ТикТок