Адел заработува милиони, а татко ѝ едвај преживува
Британската ѕвезда Адел татко ѝ ја напушти кога имаше само три години, а од кавгата во 2011 година, ги заладија односите.
Богатството на Адел сега се проценува на речиси 140 милиони фунти, а нејзиниот татко Марк Еванс работи како доставувач, пишува „Сан“. Овие денови се објавени фотографии од таткото на пејачката кој носи пакети а од својата ќерка не добива ниту една фунта.
Не се во контакт од 2011 година.- Адел и таткото ЕвансВо позадината на таа жална состојба е семејна кавга. Таткото и ќерката се скарале во 2011 година, откако тој изјавил дека Адел нема среќа со мажите затоа што тој ја напуштил кога била дете. Тогаш, таа решила да го прекине секој контакт со неа. Еванс, таткото на Адел во интервју признал дека својата ќерка ја напуштил кога имала само три години.
Адел со татко ѝ кога била дете
„Тој понекогаш работи како водоинсталатер, а сега и како доставувач. Живее од денес до утре“, рекол извор близок на Еванс. Тој наводно во неколку наврати се обидел да се смири со ќерката, но не успеал.