Позитив на денот: Афирмации кои ќе ве направат посилни

Добивај вести на Viber

Афирмациите се едноставни, позитивни реченици, изговорени во сегашно време. Како и за се', и за резултат на изговорената афирмација е потребно време, ништо не се случува преку ноќ. Се' она што секојдневно го зборуваме, во голема мера зависи од тоа како се чувствуваме. Затоа прочитајте ги афирмациите кои може да ве направат силни во даден момент и кои навистина можат да ви го разубават денот.

Афирмации за убав и среќен ден:

- Денес сум полна енергија и радост.
- Секој ден е шанса за нови можности.
- Јас сум таа која избира како ќе заврши овој ден.

Афирмации кога сте тажни и осамени:

- Уживам во својот мир и самотија.
- Ја чувствувам љубовта на оние кои моментално не се покрај мене.
- Се сакам и прифаќам себе, без разлика на околностите.

Афирмации ако се чувствувате уплашено:

- Се фокусирам на своето дишење и цврсто стојам на земја.
- Се што се случува сега, се случува за мое добро.
- Секој пат донесувам правилна одлука.