Ах што не си ми поблиску да те гушнам: Тамара Тодевска денес полни 37 години
фото;instagram
Родена е на ист ден со Мерилин Монро ама педесет и девет години по неа.
Македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска денеска полни 37 години и е во својот најубав животен период.
Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар Александар Димитровски - Мачка се посветени родители на Хана и малиот Дарен.
Роденденски честитки за роденденот на мама Тамара пристигаат од сите страни и од сите колеги и пријатели, а посебно се издвојува онаа од нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која живее во Србија.
Таа за роденденот на сестра си објави низа фотки и видеа заедно со зборовите:
- Сестричке моја најмила, знаеш се' што ти сакам, а најмногу да си среќна и спокојна. Среќен роденден љубави моја, ах што не си ми поблиску да те гушнам.
Тамара пак, засега роденденот го минува во теретана - тоа е нешто на кое последниов период е многу посветена, а тоа се гледа и по нејзината фигура.