Ајкула ѝ ја откина раката, па стана професионална сурферка и мајка на четири деца: Еве како менува пелени и што ѝ е најтешко
Од преживување напад на ајкула на 13-годишна возраст и губење на едната рака, до професионална сурферка и мајка на четири деца, непоколебливиот дух и решителноста на Бетани ги освои срцата на луѓето ширум светот.
Бетани Хамилтон доживеала напад на ајкула на 13 години и за среќа го преживеала. Меѓутоа, во нападот ја изгубила левата рака, која предаторот ја одгризал веднаш под нејзиното рамо. Веднаш била пренесена во болница, на пат дотаму изгубила 60 отсто од крвта, но со брза интервенција на лекарот ѝ бил спасен животот. Во едно од интервјуата по несреќата, Бетани изјавила дека веднаш по нападот на ајкулата се чувствувала нормално, и не чувствувала никаква болка од каснувањето, иако се чувствувала „отрпнато“ на пат кон болница.
И покрај несреќата, Бетани продолжила професионално да сурфа, а во 2010 година била вклучена во топ 20 женски сурферки.
Во една прилика раскажала како го доживува мајчинството.
„Кога се толку мали, а главите не им се стабилни, им треба постојано внимание, грижа, менување пелени, многу сон и секако насмевки, бакнежи и многу повеќе“, напиша спортистката.
„Ги користам стапалата за менување пелени, многу перници за доење, носач за бебиња цел ден и незгодни стилови на држење за да ја држам главата на бебето во вистинската положба. Понекогаш може да биде фрустрирачки, но само треба да продолжам, да одморам и да останам позитивна“, напиша таа.
Рекла дека и помошта на нејзиното семејство ѝ значи многу.
„Благодарна сум за овој живот и убавината на мајчинството. Благодарна сум на семејството, пријателите, сопругот и момчињата. Благодарна сум на Бога за овој прекрасен предизвик и радост“, напиша таа во една од своите објави.
Фото: Инстаграм