Ако Меркел облече дреч боја, има важна порака: Стилот на германската канцеларка

Добивај вести на Viber

Светските модни критичари кои го следат стилот на германската канцеларка Ангела Меркел, велат дека од тоа каква боја на палто ќе облече, зависи пораката која сака да ја испрати. 

За стилот на Меркел може да се рече дека е едноставен и практичен. Таа често носи пантолони, рамни чевли, ненаметлив накит и дискретно се шминка. Единствено парче од облеката по кое е впечатлива е палтото, кое е секогаш во различна боја. 

За посетата на Скопје минатиот месец, Меркел избра светло зелено палто, а зелената боја асоцира на смиреност. 

Кога сака да прати порака на мирот, Меркел облекува палто во бела или во во крем боја. Со зелената, сака да покаже рамнотежа, оптимизам и смиреност. Палто со виолетова боја е за помалку формални состаноци, кои не бараат тешки теми за разговор. Весели бои како виолетовата, но и црвената, жолтата, канцеларката често носи во нејзината матична земја, Германија. 

Балканските медиуми во модната анализа за Меркел велат дека кога таа доаѓа во земјите на регионот, понекогаш знае да облече палто со впечатлива, силна боја, и тоа значи дека има нешто важно да порача. За сериозност се резервирани сините палта, додека црните би требало да покажат строгост. За време на една посета во Србија, Меркел носеше црвено палто, во Грција зелено, во Јапонија во бело, а во САД во крем боја. 

Стилот на Меркел, во една прилика го оцени дизајнерот Карл Лагерфилд. Тој кусо рече дека канцеларката се облекува океј. (М.Џ.) Фото: АП