Кога Џеј Ло ќе облече „Диор“ настанува спектакл: После разводот, здолништето ѝ е сѐ пократко, самодовербата сѐ поголема

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез на 55 години изгледа како авион. Таа штотуку влегуваше во моќното летало кога се фотографираше во неверојатен стајлинг.

Комплетот од твид составен од ултра кратко здолниште и јакна латино дивата го носеше со необични лакирани отворени чизми кои имаат декорација со топка на петицата. Сè на Џеј Ло изгледаше одлично, а се чини дека нејзината самодоверба никогаш не била посилна.

Разводот формално се уште е во тек, Бен Афлек за неа по повод филмот „Unstoppable“ изјави дека е „спектакуларна“, а таа изгледа како никогаш подобро.

Формата никогаш не била нејзина слаба точка, а карираната црно-сива креација докажа дека Џени од блокот старее како виното. И ужива, а тоа јасно го покажуваат и фотографиите кои ги објавува.


View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)



Распуштена коса и мини-црна чанта, заедно со масивни прстени, беа единствените украси за кои се одлучи Џеј Ло. И на тој начин постигна целосен ефект.

ФОТО: Инстаграм/Џеј Ло