Ако сакаш да бидеш среќна, здрава и успешна, почни да го правиш ова

Сите сакаме да бидеме среќни, здрави и успешни, но не знаеме баш како тоа да го постигнеме. Се менуваш, малку го правиш ова, малку она како би го подобрила квалитетот на својот живот, но изгледа дека понекогаш ти недостасува конзистентност. На пример, ако сакаш да бидеш среќна, можеш да одиш на пикниг и да се дружиш со пријателi или да одмораш за викенд. За да бидеш здрава, може да се зачлениш во теретана, да посетуваш часови по јога, да ги менуваш своите навики и сл. Сите тие работи се сјајни за целокупниот живот, меѓутоа, можеби би било покорисно да се загледаш малку подлабоко од ова и да се пронајдат навики кои се подолгорочни. Здравје и Среќа ти донесуваат некои од новите навики кои би било добро да ги усвоиш со кои навистина и целосно би станала поздрава, посреќна и поуспешна.

 1.Направи список со желби и не се откажувај 

Сакаш некаде да патуваш? Да скокаш со падобран? Да научиш нов јазик? Направи листа со желби, и верувај дека се ќе постигнеш и веднаш ќе се чувствуваш подобро.

 2. Направи 24-часовен детокс од Интернет

 Во денешно време речиси се што правиме е по пат на Интернет или мобилен уред. Лесно се станува зависен за вмрежување и животите на други, а забораваме на својот живот. Детоксирајќи се од интернет на 24 часа, си даваш себе шанса повторно да се поврзеш со луѓе кои ги сакаш и така формираш посилни врски со нив.

 3. Читај, слушај, гледај позитивни вести, позитивни серии, филмови и ќе се изненадиш  колку твојот живот ќе стане пооптимистичен.

 4. Соочи се на дневна база со своите стравови 

Многу е лесно да се живее во зоните на удобност. Тоа е наше сигурно место и каде што бегаме кога се чувствуваме незгодно. Не мораш да направиш ништо драстично што секојдневно те плаши. Мали работи може исто така да направат голема разлика. Ако успееш да обработиш на 20 секунди на ден  нешто што те плаши, ќе сфатиш дека стравот не е целосно оправдан.

 5. Направи нешто љубезно секој ден 

Јас сум зафатена, ти си зафатена, често сме во брзање, а што е смислата на тоа? Преубаво е чувството кога ќе направиме нешто убаво за некој, така и за светот, но и за себе. Кога им помагаш на другите, си давате можност да се отворите на начин на кој порано не сте можеле.

 6. „Спаси“ се од работи кои не ти требаат 

Почни од плакар. Веројатно секое утро застануваш пред претрупана гардероба и велиш: „Немам што да облечам“. Внатре веројатно има тон облека која не ти е облечена со месеци, можеби дури и години. Таа облека е како пари кои седат во плакар. Кога ќе се спасиш од она што не те треба, ќе почувствуваш и мотивираност. Кога ќе ја отфрлиш старата енергија, отвораш врата за нова и позитивна енергија. 

7. Верувај во своите соништа 

Во еден момент или друг, сите сонуваме за животот кој би сакале да го живееме-од материјални предмети до сите оние работи кои пари не можат да ги купат. Кога спознаеше дека работите кои ти требаат може да се случат и остварат, вселената ќе работи на многу таен начин тоа да се случи.

 8. Престани да се фокусираш на исходот 

Многу пати силно сме сконцентрирани на она што би можело да се случи а забораваме да живееме во момент и да уживаме во тоа како е.  Сконцентрирај се на работи кои можеш да ги контролираш, уште подобро на една личност која можеш да ја контролираш-СЕБЕ.

 9. Опкружи се со луѓе кои те инспирираат

 И ќе видиш колку е поубав и попозитивен животот. 

10. Редовно читај Многу е важно често да се учи.

 Дури и најпаметните и најуспешните луѓе на светот уште чувствуваат дека секогаш може да научат нешто ново. Обидете се да читате барем една книга неделно. Тогаш ќе може да гледате на светот поинаку, но и ќе се отворите во комуникациите со повеќе луѓе поради своето знаење за разни работи.