АКО СТЕ НЕРВОЗНИ: Ова овошје е лек и за депресија
Бананите содржат висока количина калиум и магнезиум, па така помагаат во превенција на многу болести.
1.Мозочни функции
Богати се со калиум, а за тој минерал е познато дека помага во подобрување на функциите на мозокот, зголемувајќи ја способноста за размислување како и когнитивните функции.
2. Здрави заби и коски
Ќе ви помогнат во зголемување на апсорпцијата на калциум од конзумираната храна и тоа е одлично за здравјето на вашите заби и коски.
3. Здрави бубрези
Помагаат во зголемување на апсорпцијата на калциум, кој спречува формирање на камен во бубрезите со подобрување на густината на коските.
4. Енергија
Редовно конзумирање на банани ќе ви помогне да го зголемите нивото на енергија. Ако вежбате се препорачува да изедете две банани, пред да почнете со вежбање за да на организмот му го обезбедите потребното ниво на енергија.
5. Анемија
Бананите се богати со железо кое е есенцијален минерал потребен за подигање на квалитетот на крвта.
6. Кардиоваскуларен систем
Богати се со магнезиум и калиум, што е од суштинско значење за спречување на срцев удар
7. Спречуваат воспаленија
Богати се со витамин Б6 и така помагаат во борба против артритис и реума
8. Ефикасни во борба против депресија
Серотинот е невротрансмитер кој се ослободува и помага во регулирање на емоциите. Бананите содржат триптофан-соединение кое се претвора во серотонин, кога се конзумира.