Актерката ја „ситни“ осмата деценија, а како да има 17 години: Ова е тајната на Џејн Симор
Актерката Џејн Симор има 73 години, сепак, таа вели дека се чувствува како да има 17 години.
Како што вели, таа е во иста форма како и пред 53 години.
- Одам на плажа, вежбам пилатес ... Се обидувам да останам во форма и да се хранам здраво, но никогаш не сум на диета. Јас сум умерена со сè и тоа функционира - изјави таа во емисијата “Loose Woman.”
Актерката има ритуал да испие шолја кафе наутро, а преку ден има само еден оброк.
- Обично станувам, трчам и потоа заборавам да јадам до пладне. Мојот партнер Дејвид повремено пости, па не јаде пред 14 часот. Ако подоцна станам гладна, јадам темно чоколадо и пијам чаша вино, тоа е оброк, нели? - се пошегува актерката.
Симор тврди дека повеќето нејзини пријатели се исто така во добра форма.
- Мислам дека најважно е да се чувствувате добро во вашата кожа. Сега имам иста тежина како што имав кога одев на балетско училиште, на 17. Се дружам со старите колеги преку Зум, сите изгледаме исто, тоа мора да биде тајна во образованието - додаде таа во шоуто.
Фото: Инстаграм/ janeseymour
Извор: блиц.рс