Актерот Лазар Бараков прослави јубилеен роденден: „Човекот кој има 0 хејтери и еден тон обожаватели“
Македонскиот актер Лазар Бараков наполни 70 години. Тој вчера прослави јубилеен роденден.
На фејсбук фан страницата „Ѓорѓи Колзов“ објави фотографија од Бараков со торта во рацете со негов лик на која пишува „Среќен 70-ти роденден - Малиста поликала“, една од најпознатата негова реплика од македонските народни приказни.
„На 24 Мај на „Кирил и Методиј" заокружува златна 70- ка човекот кој има 0 хејтери, а еден тон обожаватели - Лазар Бараков! Лик кој ќе го паметиме по „Малиста поликала", „франгите", „вујче Бараков од Мокрино" и многу други реплики и анегдоти кои испишаа историја на македонското глумиште и во колективната меморија на македонскиот народ! Сцената никогаш не била поисполнета и потопла кога Царот - Ѓорѓи Колозов и неговиот советник - Лазар Бараков ја создаваа магијата наречена - Македонски народни приказни! Чудесна хемија и хармонија која постоеше меѓу нив двајцата, а во сето тоа уживавме ние, гледачите“, стои во описот на објавата.
Лазар Бараков е татко на две ќерки Македонка и Викторија и најмалиот син Александар.
Неговата ќерка Македонка, е мажена и живее во Германија.
Фото: Фејсбук