Актерот Висар Вишка ќе стане татко по втор пат: Со партнерката очекуваат девојче (ФОТО)

Актерот Висар Вишка објави дека по втор пат ќе стане татко.

Заедно со партнерката очекуваат девојче, а тоа го откри на Инстаграм каде што сподели интересна фотка со натпис: Девојче е! Женска моќ!

На маицата на партнерката пак се испишани зборовите: Иднината е женска!


Актерот ретко споделува фотки од приватноста, но јасно е дека неговата партнерка е вистинска убавица.


Инаку тој е веќе горд татко на синот Дион кој го има од претходниот брак.