Александар Тарабунов ја покажа девојката: Парот во црна комбинација за роденденот на Калина

Поп-пејачот Александар Тарабунов, суптилно и ретко, ја покажува на неговата понежна половина на социјалните мрежи.

Со фотографија на која и двајцата одбрале црна модна комбинација, Тарабунов напиша: „Среќен роденден, моја Калина Поленак“.

Инаку пејачот за минатиот роденден беше на романтично патување во Рим со неговата девојка, каде ја изненади со десерт среде ресторан.

Фото: Инстаграм