Александра Јанева правеше „Каранфил“: Струмички обичај пред да стане невеста

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Јанева, се подготува за свадба. Овој викенд таа ќе облече бел фустан и ќе го каже судбоносното „да“ на нејзиниот свршеник Иван.

На Инстаграм објави фотографии од традиционалниот обичај кој се практикува во Струмица, познат како „Каранфил“.

Овој обичај се прави обично во четврток – На кој присуствуваат само жени и од машка и женска страна, прават цветови од хартија, но без да ги врзуваат и лепат, бидејќи постои верување дека на тој начин ќе „им се врзе љубовта“. За време на обичајот, гостите се послужуваат со леблебија и бонбони, а на масата се поставени изготвените каранфили од девојките. Додека гостите се присутни во куќата на идната невеста, насобраните жени во меѓувреме пејат срамни песни.

На почетокот на месецот Јанева славеше моминска вечер во познат ноќен клуб (сплав) во Белград со нејзините блиски пријатели.

Минатата година во ноември му кажа „да“ на нејзиното момче Иван во градот на светлината под Ајфеловата кула.

Фото: Инстаграм
Г.Д.Г

Ноќ за паметење: Македонската пејачка славеше моминска вечер со другарките на сплав во Белград - „Свадба е на повидок“