Ноќ за паметење: Македонската пејачка славеше моминска вечер со другарките на сплав во Белград - „Свадба е на повидок“

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Јанева славеше моминска вечер во познат ноќен клуб - (сплав) во Белград со нејзините блиски пријателки.

Минатата година во ноември му кажа „да“ на нејзиното момче Иван во градот на светлината под Ајфеловата кула.

Пејачката ги прави последните подготовки пред да му се заколне на вечна љубов на нејзиниот свршеник и заедно да запловат во брачните води.

За моминската вечер Јанева одбрала кусо мини здолниште со интересни бели цветни апликации и маичка без ракави од светкав материјал, ваквата комбинација за прослава ја надополнила со високи потпетици, црна мала чанта и аксесоари.

Судејќи според објавените фотографии, Јанева била видно расположена со другарите на кусото патување во Белград.

Фото: Инстаграм
РЖМ

„Се појави на право место, во право време“: Пејачката Александра Јанева му кажа „Да“ на Иван (ФОТО)