Ана Николиќ го посети Центарот за социјална работа: Еве што се случува со неа, Раста и малата Тара по семејната драма (ФОТО)
Пејачката Ана Николиќ неодамна на својот Инстаграм ја обелодени преписката со нејзиниот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, а во една од пораките и се заканил дека во Центарот за социјална работа ќе ја гледа ќерката Тара.
„Детето ќе можеш да го видиш следен пат во социјално“, ѝ напишал Раста на поранешната сопруга во една порака.
Сепак, Ана тогаш изјави дека таа го има старателството над детето, и дека нема да дозволи некој да и го одземе тоа право.
Таа неколку пати проговори за семејната драма, а сега екипата на „Paparaco lova“ сними еден ден на Раста и Ана и покажа што се случува во нивните животи откако почнаа „војна“.
Имено, како што може да се види на видеото, Тара била со мајка си во станот, а потоа возачот на Раста дошол да ја земе и ја однел кај татко и.
По тоа Ана го напуштила својот дом и се упатила кон Центарот за социјална работа. Како што може да се претпостави, таа и Раста очигледно започнале постапка во која е вклучен центарот за да се најде најдоброто решение за детето.
По посетата на оваа институција Николиќ продолжила да ги извршува секојдневните обврски, отишла во менувачница, банка и попатно направила неколку набавки за дома. За тоа време Тара била со Раста во станот и биле заедно, на неколку локации, меѓу каде што е студиото на раперот, а потоа отишле на ручек со неговата мајка и девојката.
Фото: screenshot