Анабела Атијас го познавала едно од убиените девојчиња во масакрот: „Прекрасно дете, ова се премногу тешки денови за нас“

Трагедиите што се случија во Белград, Србија за само два дена однесоа седумнаесет животи, додека дваесет и едно лице беа повредени, а многу семејства беа облеани во црно.

Минатиот викенд родителите, семејството и пријателите на убиените момчиња и девојчиња ги испратија во вечниот дом. А меѓу јавните личности има и такви кои биле блиски до жртвите и нивните семејства.

Скршена од болка, пејачката Анабела Атијас и нејзините ќерки присуствуваа на погребот на едно од седумте девојчиња кои минатата недела брутално беа убиени од тринаесетгодишно момче, во невиден масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Покрај нив, загинаа едно момче и училишниот чувар, а ранети се пет деца и еднаџ наставничка по историја.

-Помалата сестра на настраданото девојче одеше со мојата ќерка во исто одделение. Тие заедно го поминуваа целиот ден. Прекрасно семејство, прекрасно дете. Голема трагедија, претешки денови за сите нас, особено за семејството - изјави потресена пејачката за српски „Курир“.


Фото: Youtube - screenhsoot

Во бел ковчег, со бели балони: Не успавме да те видиме во венчаница