Животна училница // Приказни
АНДРИЈАНА: Значење на името и какви се оние кои го носат
- 11 Јануари, 2021
Женското име Андријана спаѓа во групата стари традиционални словенски имиња.
Се смета дека потеклото на личното име Андријана е од грчки или од старословенски јазик, а дека во оригиналот потекнува од машката лична именка „Андреј“ и / или „Андрија“.
Сепак, некои толкувања наведуваат дека името потекнува од именката „Аndreas“ која потекнува од хеленскиот јазик или од зборот т.е. придавка „andreios“.
Во превод од грчки, името Андријана значи „жена која е храбра и борбена“ или „силна и независна личност“; „жена со голема сила и способност“.
Личностите кои го носат ова име се сметаат дека се големи пријатели, сериозни и компетентни, среќни со себеси и носат радост во околината.