Анета Молика повторно русокоса: Пејачката со нов имиџ во нови предизвици
Пејачката на народна музика Анета Љумановска, поранешна членка во групата „Молика“, откако ги намали килограмите ја промени и бојата на косата.
Анета нејзината коса ја доверила во рацете на фризерот и шминкер Алек. Црната коса ја бојадиса во посветла кафена боја.
„Повторно обединување…. И повторно русокоса“, напиша Анета.
Анета изминатиот период беше актуелна поради турбулентиот период во нејзиниот живот. Информацијата за разводот од нејзиниот сопруг го привлече вниманието на јавноста, но и новиот изглед на пејачката.
Во интервју за Женски магазин, Анета зборуваше дека го променила стилот на облекување, бидејќи нејзината професија како естраден уметник тоа го бара.
„Сепак треба да бидам внимателна и да внимавам на својот изглед секако тоа го бара мојата професија. Имам луѓе кои што се грижат за мојот изглед, заедно одлучуваме како ќе изгледам на моите настапи и благодарна сум за тоа“, изјави Анета.
Фото: ИнстаграмАнета Љумаковска со нов имиџ: Пејачката уште поубава по периoдот кој е зад неа (ФОТО)