Антониа Гиговска се „заканува“: Оваа мајка повторно ќе го урне Интернетот
Минатиот викенд напони 22 години, му кажа на момчето и со обожавателите сподели дека е во блажена состојба.
Претпоставувате за кој станува збор, младата , амбициозна и шармантна пејачка Антониа Гиговска.
Пред неколку дена објави и нова песна дует, која за брзо време стана хит и постојано се врти на социјалните мрежи.
Хабиби стана вирален хит, а на Антониа веднаш по објавувањето на песната ги предизвика своите следбеници да снимаат видеа на кои ќе ги ископираат танцувачките чекори од спотот, а дека на истиот се навлекоа многумина, говори и бројот на веќе снимени видеа.
Веќе денес, Гиговска повторно ја заголицка јавноста.
Сподели дека е пресреќна од фидбекот на песната Хабиби, дека истата направила бум.
„Кога веќе сме кај песни и музика, мислам дека ќе ве изненадам со она што доаѓа следно од мене. Немаме ништо уште финално но идејата и замислата се тука, тоа е најважно, напиша Антониа на Инстаграм пред 1 час завршувајќи ја мислата со фраза на англиски јазик: „This mom is going to break the internet again“