Антониа Гиговска во омилениот сценски костум на Јелена Карлеуша: „Никогаш не вели никогаш...“
Антониа Гиговска од самиот старт кога се појави на сцената, од музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“ покажа дека има глас кој грми.
Нејзиниот вокал е одличен, а низ годините полека но сигурно се изгради како вистинска ѕвезда.
Цело лето е работно ангажирана, но годинава изненади и со посмелите аутфити кои ги носи на нејзините сценски настапи.
Овој пат на сцената носеше костим во сребрена боја, кој ја истакнува линијата на телото, но и открива голем дел од него.
Ист таков сценски костим носеше дивата Јелена Карлеуша пред година и половина.
И двете пејачки се русокоси, имаат убава става, а на која поубаво ѝ стои аитфитот според вас, споделете во коментар на нашата Фејсбук страница.
Дали младата пејачка сакала да го ископира изгледот на Карлеуша, или ѝ се допаднал самиот сценски костим, не знаеме, но едно е сигурно во него таа изгледа неверојатно атрактивно.
Инаку, овој огнено секси аутфит Гиговска го носеше на овогодишнешната Штипска пастрмајлијада. Пејачката од настапот објави фотки од неа, но и слики со фанови и напиша: „Никогаш не вели никогаш... Соништата се остваруваат само ако силно веруваш дека ќе се остварат, а јас верувам во соништа, верувам и во невозможното. Каква ноќ! Каква љубов! Каква енергија! Фала ви штип за секој отпеа стих, фала ви за се‘! Ве сакам! Ве гушкам!“
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.