Аплицирајте за кредит од Силк Роуд Банка со нови промотивни услови и можност за грејс период до 3 месеци

Добивај вести на Viber

Во актуелната состојба на пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19, Силк Роуд Банка за сите идни апликанти за кредит нуди олеснување на условите за аплицирање.

Имено, до 30.06.2020 година во тек е промотивен период на банката без манипулативни трошоци за исплата на потрошувачки кредити и станбени кредити со најниска фиксна каматна стапка почнувајќи од 2.5%. Дополнително, банката ги ослободува од трошоци за проценка на имот сите апликанти кои ќе аплицираат за станбен кредит и субвенциониран станбен кредит согласно владиниот проект „Купи куќа – купи стан“.

Банката во своето портфолио на производи за население го нуди и потрошувачкиот кредит „Направи пауза“ единствен од таков тип на пазарот, кој што дава можност за паузирање на месечната рата од отплатата на кредитот, без тоа да влијае на кредитниот рејтинг на корисникот на кредитот. Ова одлагање од отплатата на ратата, клиентот може да го користи најмногу до три пати. Покрај можноста за одлагање на ратата, кредитот е со фиксна каматна стапка во текот на целиот период на отплатата.

Дополнителни информации за продуктот може да погледнете на веб страната на банката, со телефонско јавување во некоја од експозитурите на банкатаили на електронската адреса RetailSales@silkroadbank.com.mk