Arena Sport од февруари достапен за корисниците на А1 Македонија

А1 Македонија со големо задоволство го најавува збогатувањето на понудата на своите телевизиски услуги со Arena Sport каналите веќе од февруари. Во првите три месеци оваа понуда ќе биде бесплатна за корисниците на А1.

A1 Македонија во февруари започнува со реемитување на 17 нови телевизиски канали помеѓу кои се и најатрактивните спортски канали Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3, Arena Sport 4и Arena Sport 5. Отсега, корисниците на телевизиски услуги на А1 Македонија, имаат можност да уживаат во спортските натпревари од UEFA Лигата на шампиони, UEFA Лига Европа, италијанското првенство Serie A, ракометната EHF лига, кошаркарските NBA и ABA лига, како и многу други спортски содржини.

Кaко компанија која секогаш е насочена кон збогатување на своето портфолио на производи и услуги, со цел усовршување на корисничкото искуство, воведувањето на Arena Sport каналите го гледаме како голема придобивка за нашите корисници кои следат спортски содржини.Сите обожаватели на најважната споредна работа во светот, фудбалот, ќе имаат можност да ги следат ексклузивните содржини кои ги нуди Arena Sport, пред сè UEFA Лигата на шампиони, и веруваме декаотсега ќе уживаат уште повеќе токму со овие спортски содржини – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Збогатувањето на понудата на А1 Македонија вклучува реемитување на 17телевизиски канали: Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3, Arena Sport 4, Arena Sport 5, Agro TV, Arena Fight, Toxic TV, Toxic Folk, Toxic Rap, Arena Sport 1 HD, Arena Sport 2 HD, Arena Sport 3 HD, Arena Sport 4 HD, Arena Sport 5 HD, Balkan Trip иArena E-sport и истите ќе им бидат достапни на корисниците согласно тарифниот модел и дополнителните пакети кои ги користат.

По завршувањето на промотивниот период од 3 месеци, во кој корисниците бесплатно ги добиваат овие канали, истите продолжуваат да бидат достапни согласно тарифниот модел на корисникот.

Воведените канали на Arena Sport соодветно ќе ги заменат досегашните Sport Кlub канали, кои од 1.3.2021 нема да бидат дел од понудата на А1 Македонија.

За повеќе детали за понудата корисниците можат да се информираат преку јавување во Контакт центарот на А1 Македонија на 077 1234.

ПР објава