Баба се согласува да се грижи за внуците, но под еден услов: „Моето слободно време чини“

Како што вели таа е подготвена да биде со своите внуци по осум часа секој ден, но не бесплатно

Родителите ќе се согласат со фактот дека е тешко да се најде доверлива личност на која ќе можете да го оставите вашето дете, да се грижи за него. Затоа татковците и мајките често одлучуваат децата да ги оставаат на чување кај бабите.

Една баба објаснила дека иако сака да се грижи за внуците, очекува за тоа да и платат 10 евра на час.

Имено, на социјалната мрежа Редит се покрена дискусија во врска со грижата за внуците, а една баба напишала:

- Ќерка ми работи пет дена во неделата, околу осум часа дневно, од 7.30 до 15 часот и ме праша дали можам да се грижам за внукот два или три дена во неделата. Реков дека ќе ми биде задоволство, но дека саатницата ми е 10 евра.

Според неа, нејзиното слободно време чини и не сака да го гледа внукот без паричен надоместок.

Корисниците на оваа социјална мрежа го коментираа нејзиниот став, а мислењата беа поделени.

„Жено, само кажи дека не сакаш да чуваш деца“, напиша еден човек, а друг додаде:

- Тоа не значи дека не сака да го чува внукот. Според мене, таа треба да ги земе парите.


Фото: фреепик