Бакнеж на „Тајм сквер“, како од легендарната фотографија: Писателката Марија Јаневска со сопругот на патување во „Големото јаболко“
Марија Јаневска-писателка, позната под псевдонимот Лајла Грејс пред неколку години се пресели да живее и работи во Белгија, а токму таму ја најде љубовта на својот живот Али.
Пред летните одмор парот замина на патување во Њујорк. Марија и Али во „Големото јаболко“ позираа пред преубавата панорама на градот, уживале во културните знаменитости како што е Метрополитен арт музејот, Централ Парк.
Инспирација за бакнежот на Марија и Али на „Тајм сквер“ е фотографијата на Алфред Ајзеншцед направена на њујоршкиот плоштад на 14 август пред 70 години. Кога морнар се бакнува со медицинска сестра, на денот кога е прогласен крај на Втората светска војна. Таа е објавена пред 70 години од страна на списанието „Лајф” и се претвори во легендарна.
Марија и Али се венчаа минатата година во замок како од бајките во Белгија.
Фото: Инстаграм