Бакнеж за принцот: Меган Маркл како принцезата Дијана - еве што се крие позади сличноста на овие две фотки

фото:Profimedia/BACKGRID/Backgrid USA

Зад сличноста на овие две фотографии се крие традиционален чин.

Принцот Хари и војвотката Меган Маркл разменија бакнеж пред публиката по хуманитарниот поло натпревар пред некој ден, а сличен интимен момент пред неколку децении се случи и меѓу родителите на Хари - принцот Чарлс и принцезата Дијана.

Како прво, фактот дека и двете дами се облечени во точкаст принт само ја зголемува сличноста меѓу двата настани. Додека некои обожаватели правеа споредби со ликот на Џулија Робертс во филмот „Pretty Woman“, всушност се чини како инспирација за стилот на Меган Маркл да е Лејди Дијана.

Меган се одлучи за бели плисирани шорцеви, во комбинација со црно-бела блуза со точки, а својот шик изглед го заокружи со црна капа и големи наочари. Лејди Ди пак, изгледот го заокружила со бисери.

Моментот на нежност кој го снимила камерата и во двата случаи е дел од традицијата на доделување на наградата. Принцовите кои играат поло ќе бидат „наградени“ со бакнеж од сопругата по успешен натпревар. 


И, додека налетот на ветрот се закануваше да ѝ ја тргне капата од глава, Меган нежно му стави рака на образот на Хари додека го бакнуваше, а парот потоа ја напушти бината држејќи се за рака.

Принцот Чарлс и Дијана во неколку наврати биле фатени во слични ситуации, иако нивната врска во јавноста била далеку поладна. За разлика од Хари и Меган, тие ретко си дозволуваа вакви интимни моменти. 

Овој викенд се одбележа четвртата годишнина од бракот на принцот Хари и Меган Маркл, откако тие се венчаа во Виндзор во 2018 година. Оттогаш не престанавме да ги гледаме среќни и насмеани заедно.

извор:ona.telegraf.rs
фото:Profimedia/BACKGRID/Backgrid USA