Барбара Поповиќ му кажа „да“ на Мики Секуловски: Еве го нивниот план
Македонскиот учесник од Велес во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски го освои второто место, а неговите настапи беа под менторство на Цеца Ражнатовиќ.
Артистот кој македонската јавност имаше можност да го запознае како учесник и извонреден вокал во шоуто „Македонки идол“, се покажа во одлично светло и успеа да ги собере симпатиите и на жирито и на публиката.
Мики на неговиот Инстаграм профил додека сè уште е под импресии се обрати до неговите следбеници, тие поставуваа прашања, а тој одговараше.
Едно од прашањата гласеше: „Со кој сакаш да снимиш дует?“, одговорот на Мики беше: „Јулија Петровиќ, Барбара Поповиќ и Цеца Ражнатовиќ“.
Јулија Петровиќ беше учесничка во оваа сезона од шоуто „Ѕвездите на Гранд“, додека Барбара Поповиќ е македонска пејачка која беше дел од музичкото шоу за музички таленти „IDJShow“.
На предлогот на Мики, Барбара одговори „И јас сакам“.
Па, нема да е чудно доколку во блика иднина Мики и Барбара ги видиме со дует.
Фото: Инстаграм