10 ГОДИНИ БЕЗ МАЈКЛ ЏЕКСОН: Поранешната сопруга проговори за неговата настраност

На денешен ден пред точно десет години почина некрунисаниот крал на поп-музиката, голем музичар, но и еден од најконтроверзните личности во шоу-бизнисот - Мајкл Џексон. Годинава големо внимание во медиумите предизвика и документарниот филм „Leaving Neverland“, а валканите детали за пејачот не престануваат да ја интригираат јавноста. Неговиот брак со Лиса Мари Присли, ќерката на Елвис Присли е една од најинтересните теми.

Мајкл Џексон со Лиса беше во брак две години, од 1994 до 1996 година, а сомнежите дека сексуално ги злоупотребува децата започнаа во 1992 година. Потоа, Мајкл стана зависен од нејзината емотивна поддршка. 

„Имав чувство дека грешно го обвинија и дека не направи ништо лошо. Бев загрижена за неговата емотивна состојба и чувствував дека можам да го спасам. Го сакав тоа“, изјави Лиса Мари Присли.

Таа го наговори Џексон да се нагоди вон судот и да оди на лечење од апчињата за смирување. Лиса Мари исто така раскажала дека Мајкл сакал перверзни игри во спалната, но тука застанала.

„Најчесто сакаше секс во стоечка положба, и често пееше за време на сексот. Беше настран по малку“, открила Присли. 

„Кога ќе се разбудела, неговата шминка била размачкана по постелнината. Кога еднаш ги запалила светлата пред да почнат да водат љубов, тој наводно почнал да вреска да не го гледа. Се стрчал накај бањата криејќи го лицето со рацете. Се вратил за 20 минути со полна шминка и нагрнат со бањарка“, пишува во книгата посветена на Мајкл Џексон. 

Причината за разводот, Лиса не ја открила. На неа тоа ѝ беше втор брак. Пред Џексон, беше со Дени Кју четири години, а по трет пат се омажи за актерот Николас Кејџ од 2002 до 2004 година, па со музичарот Мајкл Локвуд, со кого останана најдолго, од 2006 до 2016 година.